12-годишник е крадецот кој во Битола ограби автобус кој превезувал третооделенци на екскурзија, полицијата го уапсила

294

Фатен крадец во Битола, а украденото вратено на сопствениците.

Како што информираат од МВР, вчера (31.10.2025) во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 12- годишен битолчанец.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија.

По преземени мерки тој е пронајден и лишен од слобода, а украденото е вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.

Претходно за настанот информираше фирмата превозник (туристичка агенција), која се заблагодари за брзата реакција во пронаоѓањето на сторителот и враќањето на одземеното на учениците кои биле на екскурзија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНово правило во Белата куќа
Следна вестПочина Кире Ѓорѓиевски – осуден на 13 години затвор за „27-ми април”