132 санкционирани возачи во Скопје, возеле пребрзо, поминувале на црвено…

МВР во текот на вчерашниот ден извршил акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестЦУК: Поплавени 80 простори, 40 паднати дрвја, 20 оштетени возила и поплавени улици, 15 паднати покриви….
Следна вестОд утре нова автобуска линија „111“ од Сарај до Радуша