Темен режим Режим на светлина

133 сообраќајни прекршоци во Скопје, 75 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи и вчера продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот.

На територијата на град Скопје, како што информира, се изречени 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 16 за управување под дејство на алкохол, две за некористење сигурносен појас, една за минување на црвено светло, осум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 11 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов мандатот ќе го заврши со четири стана, луксузна куќа во Карпош и хациенда во Маврово

Следна објава

Во Јапонија запре употребата на вакцината на „Модерна“ по смртта на двајца мажи