135 санкционирани возачи во Скопје, 13 возеле без дозвола

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои и 13 мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 57 санкции и шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

Претходна вестСлучаен минувач спаси бебе кое престана да дише на пат во Србија
Следна вестЗемјотрес со јачина од 2,8 степени во Косово е почувствуван и во Скопје