На 10-ти мај ќе се одржи ждрепката за составот на групите за претстојното Европско првенство во ракомет кое следната година ќе се одигра во Германија. Во очекување на верификација од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), извесно е како ќе изгледааат четирите квалитативни шешири.
Македонија ќе ги чека своите ривали од третиот шешир, а не може да се сретне со останатите членови во овој шешир: Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина
Шешири пред ждрепката за Европското првенство 2024 година:
Шешир 1: Франција, Шведска, Данска, Шпанија, Исланд, Норвешка
Шешир 2: Словенија, Унгарија, Холандија, Германија, Португалија, Австрија,
Шешир 3: Македонија, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина
Шешир 4: Црна Гора, Фарски Острови, Грузија, Швајцарија, Романија, Грција
Најдобрите две селекции од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето, кое ќе се одржи во неколку германски градови од 10 до 28 јануари 2024 година.