138 сообраќајни прекршоци во Скопје – 21 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за непрописно престројување на возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестБез струја утре повеќе улици во Скопје
Следна вестПознати можните бараж ривали на македонската ракометна репрезентација