141 новозаразен, 175 оздравени и две лица починати од Ковид-19

Министерството за здравство денеска информираше дека е потврден 141 нов случај на Ковид-19 од вкупно направени 1.848 теста во изминатово деноноќие во Македонија.

Регистрирани се 48 случаи во Скопје, 21 во Куманово, 15 во Штип, девет во Кавадарци, по седум во Битола и Виница, пет во Кичево, по четири во Гостивар, Струмица, Кочани и Македонски Брод, три во Свети Николе, по два во Дебар и Пробиштип, и по еден случај е регистриран во Прилеп, Струга, Гевгелија, Демир Хисар, Берово и Неготино.

Починале две лица, односно, пациент од Скопје на 88 години во болнички услови и пациентка од Кичево на 80-годишна возраст вонболнички услови, се наведува во информацијата.

Институтот за јавно здравје регистрирал 175 оздравени пациенти, односно, 56 од Штип, 37 од Скопје, 27 од Куманово, 14 од Гостивар, 11 од Свети Николе, седум од Кичево, по пет од Гевгелија и Тетово, четири од Кавадарци, три од Прилеп, два од Радовиш и по еден од Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и Ресен.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357, бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163, се наведува во информацијата.

Претходна вестЗаев го доби мандатот од Пендаровски, владиното мнозинство уште се бара
Следна вестМицкоски со пратеници ќе оди кај Пендаровски за да види врз основа на што го додели мандатот на Заев