149 сообраќајни прекршоци во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои и14 мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните полициски контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 41 санкција за возење повеќе од дозволената брзина и четири за минување на затворен сигнал – црвено светло.

-Изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири прекршоци што ги прават пешаците, 10 мерки за користење на мобилен телефон…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Претходна вестСончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер
Следна вестСилен земјотрес во Авганистан, најмалку 255 жртви, повеќе од 500 повредени…