Со одлука на Советот, Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари парична помош за украинскиот народ кој минува низ тежок период предизвикан од воената агресија.
-Општина Аеродром изразува солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина. Упатуваме осуда кон секаков вид агресија и воена интервенција чие место дефинитивно не е во 21 век,се вели во соопштението.