151 сообраќаен прекршок во Скопје, 23 за пребрзо возење…

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени 151 санкција за непочитување на сообраќајните правила и прописи. Најмногу од нив се за возачи кои возеле над дозволената брзина и прекршоци кои ги направиле пешаците.

– Во текот на вчерашниот ден изречени се 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки за непрописно престројување на возила, пет санкции за нерегистрирани возила, три мерки за возење под дејство на алкохол…, се вели во соопштението од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестУниверзитетот Оксфорд забрани секс меѓу професори и студенти
Следна вестРусите се на чекор целосно да го освојат Бахмут