152 санкционирани возачи во Скопје, 99 возеле пребрзо

На скопските улици во текот на вчерашниот ден, забележани биле голем број на сообраќајни прекршоци. Санкционирани се 152 лица, најмногу од нив за пребрзо возење.

– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, 3 мерки за нерегистрирани возила, 3 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл… , велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестИма ли метла за дивите депонии?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Врв на мизерија, Шаќири вели дека владата нема пари за учебници