153 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестЛек од прегазување: Два часа само возила на улица, па два часа само пешаци
Следна вестСамо паметна регулатива може да го направи Скопје пријатно за живеење за сите