Home АКТУЕЛНО 16 Авганистанци ја заменија Македонија со Канада

16 Авганистанци ја заменија Македонија со Канада

0

Од Меѓународниот аеродром Скопје утрово кон Канада замина група од шеснаесет граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период нашата земја обезбеди привремен престој како дел од светската хуманитарна акција за помош на продемократското население во Авганистан кое е во опасност од новиот талибански режим во таа земја.

Станува збор за вработени, соработници и членови на нивните семејства на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Северна Македонија е официјална членка. Претходно во два наврата заминаа уште десетмина граѓани на кои, исто така, крајно одредиште им е Канада.

Во земјава во моментов престојуваат 542 авганистански граѓани, а досега заминаа 178 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.