162 санкционирани возачи во Скопје, 20 возачи на мотоцикл

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои имаше и 20 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР за вчерашните контроли на скопското подрачје.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 16 санкции и 16 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Нов долг од 100 милиони евра кој ќе го плаќаат граѓаните
Следна вестТројца македонски државјани украле над 150 литри дизел од камион во Словенија