17 лица од Тетово го прекршиле полицискиот час и се шетале низ градот

Поведена постапка против 17 лица од Тетово. Имено, Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на разни локации во градот, со што постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државава, стои во соопштението на Обвинителството.

Надлежното Обвинителство на судот за секого од обвинетите предложи парични казни во висина од 100 дневни глоби.​