17 лица возеле пијани во Центар

Возењето под дејство на алкохол е опасна работа. И за тој што вози и за сите околу него. Но, ете таа појава во Скопје никако да се намали.

Доказ за тоа се и вчерачните 17 казни кои биле изречени за возење во алкохолизирана состојба. И тоа само во општина Центар. Алармантноста е и во тоа што, колкав бил бројот на пијани возачи кои не биле фатени од полицијата останува непознато.

Инаку биле санкционирани и 10 лица за возење без возачка дозвола, еден за нерегистрирано возило…

Од полицијата уверуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСтудено и ветровито, попладне и снег
Следна вестДа сум градоначалник на Кисела Вода ќе направам поликлиника, канализација…