19-годишник со мопед тешко повреден во сообраќајка на раскрсница кај „Партизанска“

191

19-годишник од скопско е тешко повреден во сообраќајка во центарот на Скопје.

– На 27.05.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од С.М.А.(40) од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(19) од село Раовиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, соопштија од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЛевица поднесе кривична пријава против премиерот Мицкоски
Следна вестГрад Скопје: Наместо да санкционираат, институциите поддржуваат криминал