19-годишно момче излета од булеварот „Борис Трајковски“, повреден неговиот сопатник-врсник

Дваесет годишно момче се здоби со тешки телесни повреди по сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Саса-2“.

-Патничко возило ‘шевролет спарк’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатникот во возилото М.Ч.(20) од Скопје, констатирани во комплексот клиники Мајка Тереза, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСпасовски не знае дали ќе остане на чело на МВР
Следна вестПолицаец од Неготино пропуштал шверцери на мигранти и им кажувал каде има патроли