19 починати за 24 часа и уште пет од претходно, нови 107 заразени

За 24 часа пријавени се 19 починати лица: 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г)и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година: двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Во последните 24 часа, направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197, бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759, од кои 3.443 во Скопје.

Претходна вестОЈО: Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа
Следна вестОБСЕ/ОДИХР: Изборите вчера покажаа дека треба суштински реформи на законите