191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 22 казни за возење без дозвола

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, од кои 22 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Во информацијата се наведува дека за возење повеќе од дозволената брзина имало 49 санкции и пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

-Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, наведуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСончево и топло до 36 степени, УВ индексот 9
Следна вестНа Медитeранските игри во Алжир злато за Нуров, бронза за Егоров