191 сообраќајни прекршоци во Скопје, казнети 39 пешаци

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои и 39 казни за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имаше 43 санкции, 16 санкции за возење без возачка дозвола и 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за возач почетник, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестПроменливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи
Следна вестАрхиепископот Стефан в недела на заедничка литургија со вселенскиот патријарх Вартоломеј