198 казнети возачи, 18 возеле без возачка дозвола

На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени вкупно 198 мерки, меѓу кои и 18 мерски за возење без возачка дозволам соопшти МВР.

-За возење повеќе од дозволената брзина имало 87 санкции,15 санкции се за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, а се изречени и седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за возење под дејство на алкохол, девет мерки за нерегистрирани возила, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат.