20 дена нема ниту еден детал од истрагата за пеплосаната тетовска болница

Поминаа 20 дена од трагичниот настан во тетовската модуларна болница кога во пожар за две минути изгореа 14 пациенти, а од истрагата нема ниту еден детал. Семејствата на загинатите ја чекаат вистината, всушност цела македонија чека информација, но и одговорност.

Дојдоа дури и германски истражувачи фотографираа и снимаа со цел да ги откријат причините, некои од надлежните на почетокот нудеа, но не дадоа неотповикливи оставки, медиумите си ги мерат силите кој повеќе информации „од сопствени извори“ ќе извади во врска со причините за пожарот, а еве целото тоа време се уште нема ниту еден единствен збор од официјалната истрага.

И 20 дена по трагедијата нема одговори:
-Зошто избувна пожарот?
-Зошто болницата изгоре за три минути, кога ваквите објекти се прават по стандарди да може да издржи многу повеќе – додека да се евакуираат пациентите и да стигнат противпожарните екипи?
-Планот за евакуација при несреќи во ваквите објекти каде е?
-Зошто никој не го покажува правилникот по кој се градени модуларните болници?
-Зошто ниеден надлежен: од директор на болницата па се до министерот, не најде за потребно да излезе и да ја објасни постапката од нарачувањето до денеска на модуларните болници?
-Зошто цврсто се држат за фотелјите додека семејствата на загинатите очајно ја бараат и очекуваат правдата?

Има и уште прашања. Единствени факти во моментот по трагедијата се понудената оставка од министерот Венко Филипче која премиерот рече дека ќе ја разгледува откако истрагата ќе заврши. А ако премногу прашуваш за оставките – тоа е банално би ти одговориле.

Дали молкот околу истрагата, и на два дена од стартот на предизборната кампања, значи дека и во изборниот период нема да слушнеме ништо за да не се наруши партиското рекламирање дека ни нудат подобар живот?!

Претходна вестГо пошумуваат Водно со згради наместо со дрвја, а ветуваа Скопје ќе биде зелен град
Следна вест„Пејсажи на отпорот“ вечерва во Музејот на современа уметност