Асфалтирани и реконструирани се улици во населеното место Љубанци, соопшти
градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
Тој посочи и дека наскоро ќе започнат со реконструкција и на останатите улици во
ова населено место.
„Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Продолжуваме и во
останатите населени места кои што се опфатени со големата градежна офанзива.
Асфалтираме и реконструираме 70 улици и патишта и вложуваме околу 150
милиона денари“, истакна Костовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


