Што бидна со најавената резолуција од страна на СДСМ околу црвените линии на Македонија за евроинтеграции? Лично нивниот лидер Венко Филипче пред две недело најави дека најкасно за неколку дена ќе ја достават во Собрание и до јавноста. Со нетрпение чека и ВМРО-ДПМНЕ.
Синоќа, премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш потенцираше дека со нетрпение чека да ја види резолуцијата.
„Доколку тоа не се случи, тогаш претпоставувам дека СДСМ во отсуство на
можност да наметне тема во јавноста, па сега рекоа ајде ќе градиме тема врз основа на резолуција за црвени позиции“, изјави Мицкоски.
Инаку на најава за резолуција на СДСМ реагираше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова која истакна:
„По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии е апсурдно. Ние имаме декларација, и тоа не само една, туку неколку декларации имаме донесено во Собранието и не беа почитувани. Дури и референдумски резултат не почитувавме, а камоли црвени линии.