Вардар ја потврди својата доминација во Супер лигата со деветтата победа во низа. Во 9. коло вечерва, „црвено-црните“ го совладаа Бутел со 36:30 и продолжуваат да бидат единствената екипа со максимални бодови.
И Алкалоид останува непоразен, откако во дуелот со Еурофарм Пелистер славеше убедливо со 37:25, под водство на тренерот Кирил Лазаров.
Дербито во Кавадарци заврши со победа на Тиквеш над Прилеп со 24:21. Еурофарм Пелистер без проблеми го победи Радовиш со 47:27, додека единствената гостинска победа во ова коло ја забележа Пролет со триумф од 38:29 против Струга.
На вчерашниот натпревар, Охрид го надигра МРК Куманово со убедливи 37:17.
Табела:
Вардар 18, Алкалоид 16, Еурофарм Пелистер 15, Охрид 13, Бутел 11, Пролет 9, Тиквеш 8, Прилеп 6, Струга 4, МРК Куманово 2, Радовиш 0.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА





