Словенија е на нозе по трагичниот настан во Ново Место, каде што 21-годишен припадник на ромската заедница претепа до смрт маж пред еден ресторан. Министрите за внатрешни работи и за правда веднаш поднеле оставки, кои премиерот Роберт Голоб ги прифатил.
Полицијата го уапсила убиецот. Трагичниот настан се случил откако синот го повикал татко му, тврдејќи дека група луѓе му се закануваат и го замолил да дојде да го земе. Таткото веднаш пристигнал и штом излегол од автомобилот, група мажи од ромската заедница го нападнале, нанесувајќи му сериозни повреди на главата. И покрај брзата лекарска реакција тој починал.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



