Израел стана „најмоќната сила на Блискиот Исток”, изјави премиерот
Бенјамин Нетанјаху на церемонијата за истакнати вработени во
безбедносната агенција Шин Бет. Тој нагласи дека Израел целосно го
променил балансот на моќ и одвраќање во регионот. Тој посебно ги пофали
неодамнешните успеси на Шин Бет во спречувањето на терористички
активности, истакнувајќи дека агенцијата успеала да спречи „над 1.200
напади”.



