Темно Режим Светло Режим

Фаворитите без грешка: Вардар и Охрид со нови победи во Супер лигата

Фаворитите без грешка: Вардар и Охрид со нови победи во Супер лигата Фаворитите без грешка: Вардар и Охрид со нови победи во Супер лигата

Вардар и Охрид забележаа победи на првите два натпревара од 20. коло во ракометната Супер лига. „Црвено-црните“ ја оправдаа фаворитската улога против градскиот ривал Бутел, совладувајќи го на гостински терен со убедливи 34:23. Најефикасен на натпреварот беше Јака Малус со девет погодоци.

Охрид, пак, на гостински терен беше убедлив против МРК Куманово и славеше со 30:14. Во редовите на охриѓани најпрецизен беше Дарко Ѓукиќ со шест голови.

Останатите натпревари од ова коло се играат утре, а се среќаваат Радовиш – Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид, Пролет – Струга и Прилеп – Тиквеш.

По овие победи, Вардар го задржа првото место на табелата со 38 бодови. Охрид, со натпревар повеќе, се искачи на втората позиција со 33 бодови, пред актуелниот шампион Еурофарм Пелистер кој има 32, и Алкалоид со 31 бод. Бутел се наоѓа на шестото место со 20 бодови, додека МРК Куманово е десеттопласиран со седум бодови.

Претходниот Пост
Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Земјотрес од 4,6 степени регистриран во регионот, почувствуван во повеќе градови во Македонија

Следниот Пост
Норвешка формира собраниска комисија за истрага на врските на нивни допломати со Епстин

Норвешка формира собраниска комисија за истрага на врските на нивни допломати со Епстин