223 казнети возачи во Скопје, 35 возеле пијани

На територија на град Скопје изречени се вкупно 223 мерки, меѓу кои и 35 казни за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопски сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 24 санкции, 25 за возење без возачка дозвола и 67 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 16 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник…, се наведува во информацијата

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупреди МВР.

Претходна вестПосебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Нема да прифатиме договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија