23 новозаразени со вирусот, почина 47-годишен тетовчанец

Нови 23 заразени од корона вирусот се регистрирани по извршени 702 тестирања во изминатово деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 12 случаи, во Куманово 4,Прилеп 2, Тетово 4 и Неготино 1.

Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47 годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид, а потврден позитивен денеска, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти. – Скопје 3, Прилеп 1,Струга 1, Велес 3 и Кочани 1.

Досега во Македонија се направени вкупно 24.018 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.