243 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 15 мерки за возење без возачка дозвола и пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците…, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

Претходна вестЗатворен локалниот пат до Блаце, пристапот по привремен пат
Следна вестПоранешен агент на ЦИА дрогирал и силувал десетици жени, потоа ги фотографирал голи