25-годишен загина во сообраќајќа на патот Штип-Плачковица

Дваесет и петгодишен жител на Карбици загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица. Несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман. Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница – Штип, соопшти МВР.

Претходна вестКадиров: „Ќе формирам своја војска“
Следна вестПендаровски: Да ги унапредиме правата на работниците, да спречиме нивна експлоатација