26-годишник си шетал низ скопски трговски центар со пиштол и куршуми

Пријава ќе биде поднесена од страна на полицијата против скопјанец кој во градот се шетал со пиштол за кој немал дозвола. МВР соопшти дека на 29.07.2022 во 10.30 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода М.Е.(26).

– Кај него биле пронајдени пиштол непозната марка 6.25мм и рамка со 4 куршуми, информираа од МВР. Притоа, М.Е. немал дозвола за поседување огнено оружје, со што се сомничи дека сторил кривично дело предвидено и казниво по член 395 од Кривичниот законик, се наведува во соопштение.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.