26-годишно момче пронајдено мртво

Вчера попладне околу 17:30 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Патрис  Лумумба“ во Скопје бил пронајден починат М.О.(26), при што од лекар е констатирана смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.