28-годишно момче погодено од залутан куршум

Залутан куршум погодил момче на 28 години, во Кондово. Детали за тоа како се случил инцидентот нема.

-Вчера во 22 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 септември“ беше пријавено дека со повреда бил донесен 28-годишниот А.Р. од село Кондово, кој бил повреден од залутано зрно, информираат од МВР.

Полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестОбвинителството започна истрага за грабнатото бебе во Скопје
Следна вестПочнува 12 издание на фестивалот на народна култура „Пображење“