297 новозаболени, 180 оздравени и две починати лица од Ковид – 19

Во изминатово деноноќие направени се 1.113 тестови, а регистрирани се нови 297 случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 174, Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадарци – по 12, Велес – 11, Гостивар – 9, Штип – 8, Тетово – 6, Струмица, Кичево и Радовиш – по 4, Кочани и Гевгелија – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (297), регистрирани се 69 реинфекции.

Регистрирани се 180 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Охрид – 21, Велес – 10, Штип – 9, Струга – 8, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Тетово – 3, Гостивар – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Неготино, Делчево и Дебар – по 1

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (80г и 71г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови.Лицата се починати на ден 29.06.2022 и 30.06.2022, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.699, бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591.

Претходна вестПочнаа блокадите по Македонија, се бара власта да каже „Не“ за францускиот предлог
Следна вестЦрковната богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец ќе биде во октомври