30-годишнината од „Интерфест“ посветена на Блаже Конески

Денеска почнува 30-тото издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, кој се одржува во Битола. Ова е специјално издание на фестивалот не само заради јубилејот, туку и заради тоа што ќе биде посветен на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески.

Фестивалот ќе го отвори МОБ со операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во која диригент е Бисера Чадловска, а ќе настапат и солистите Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Горан Начевски, Јане Дунимагловски и Драган Ампов.

На фестивалскиот репертоар до 12 октомври се концертите на Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија, Александар Рам и Ана Одинцова од Русија, Михаил Кун и Кристоф Еверс од Германија, а ќе настапат и уметници од Унгарија, Турција, Србија и Македонија.

Претходна вестПендаровски се одзва на молбите на жителите на Бардовци, најнадлежните уште се глуви
Следна вестИгнорирањето на македонската археологија и фолклор е една од најкрупните грешки