32 лица починале од вирусот, 336 новоинфицирани, 544 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, информира доцна синоќа Министерството за здравство.

Во Скопје новозаразени се 95, во Куманово 10, Штип 12, Прилеп 27, Тетово 11, Струга 1, Велес 30, Битола 34, Охрид 1, Кавадарци 7, Гостивар 41, Гевгелија 7, Струмица 7, Крива Паланка 3, Радовиш 10, Крушево 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 3, Делчево 1, Кратово 1, Свети Николе 6, Кичево 14, Ресен 2 и шест во Неготино.

-Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26976, активни 9996

• Куманово 3748, активни 952

• Дебар 462, активни 97

• Штип 2674, активни 528

• Прилеп 3010, активни 1000

• Тетово 3823, активни 942

• Струга 1447, активни 454

• Велес 1992, активни 693

• Битола 2075, активни 925

• Охрид 1597, активни 618

• Кавадарци 1254, активни 481

• Гостивар 2557, активни 982

• Гевгелија 744, активни 240 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1711, активни 601

• Крива Паланка 431, активни 123

• Радовиш 438, активни 122

• Крушево 130, активни 71

• Кочани 1241, активни 262

• Пробиштип 363, активни 90

• Демир Хисар 200, активни 88

• Македонски Брод 168, активни 46

• Пехчево 100, активни 22

• Берово 364, активни 88

• Валандово 218, активни 70

• Виница 376, активни 160

Претходна вестБројот на работници во индустријата се намалил за 4,9 отсто, а администрацијата расне, расне…
Следна вестМеркел се надева дека Македонија годинава да ги започне преговорите, а Албанија ќе почека