34-годишник го запалил центарот „Иван Михајлов“ во Битола

Приведено е лицето кое подметнало пожар на влезната врата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во објавата на Фејсбук Спасовски напиша дека лицето веќе го признало делото.

-Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода, објави Спасовски.

Тој додаде дека сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил мора да одговара.

Инаку, дел од медуумите објавија дека се работи за пејачот Ламбе Алабаковски кој го признал извршувањето на кривичното дело.

Претходна вестБилетите за Грузија и Гибралтар по цена од 250 до 350 денари
Следна вестКаде им е достоинството на македонските функционери?