39 пешаци во Скопје стасале до казни

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои и 39 мерки за прекршоци што ги пешаците, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 21 санкција за возење повеќе од дозволената брзина и 12 санкции за возење без возачка дозвола.

-Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестПротест на вработените од „Колска“, блокирана пругата Скопје-Гевгелија кај Велес
Следна вестИскршени стакла и дупнати гуми на македонските возила во Калитеа и Афитос во Грција