Четириесет и четиригодишен скопјанец со воздушна пушка повредил шестгодишно девојче.
Од МВР информираат дека вчера, околу 20.30 часот, во полиција било пријавено дека во село Белица, Македонски Брод, во куќа, сопственост на С. Т., лицето З. К. (44) од Скопје, кое престојувало како гостин, со воздушна пушка на С. Т. испукал една дијабола кон метално буре во дворот, при што повредил шестгодишно девојче од Скопје, кое со мајка си исто така престојувало во куќата.
Според пријавеното, З. К. ја зел пушката без согласност и одобрение од С. Т.. Девојчето било пренесено во ЈЗУ Македонски Брод за укажување лекарска помош.