Носењето на заштитни маски во затворени простори и на отворено каде не може да се запази достанцата од два метра и натаму не се почитува од дел од граѓаните. Тоа го покажува и денешниот извештај на МВР за непочитувањето на оваа заштитна мерка против корона вирусот.
-По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок во изминатово деноноќие, соопшти МВР.
Освен ова, вчера на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.