48 – часa притвор за косовски државјанин за пукањето завчера во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје побара, а судот му определи краткотраен притвор од 48 часа на едно лице, косовски државјанин кое е осомничено дека пред два дена учествувало во инцидентот кога од автомобил беше пукано кон друг автомобил во населбата Ѓорче Петров, при што е повредено едно лице, инаку полициски службеник.

Мерката е за да се обезбедат докази за негова евентуална инволвираност во инцидентот.

За овој настан беше приведено уште едно лице, но е пуштено, бидејќи од МВР не најде докази за негова инволвираност.

Според МВР, настанот се случил во понеделникот околу 16 часот, на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од „голф 5“ без регистарски таблици е пукано со огнено оружје кон „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од лице од село Горно Свиларе, при што возачот на „мерцедесот“ се здобил со прострелна рана во левата натколеница.

Неофицијално се дознава дека станува збор за лице кое е син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи кој беше разрешен од функцијата минатата година.

Претходна вестСимовски контра Османи: Во сите пописи од 1948 наваму, има код за бугарска етничка припадност
Следна вестКовид-состојба во 24 часа: Вчера 726, денеска 807 новозаразени – до каде ќе оди кривата?