49-годишем маж ги претепал родителите – не му дале пари за роденден

Син си ги претепал родителите во Скопје. Имено, скопското обвинителство поведе постапка против 49-годишник кој ги претепал своите родители.

Немилиот настан се случил во семејниот дом на улицата „Њуделхиска“, на 18 март.

-Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, тој започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре. Најпрвин го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата. Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди, соопшти Обвинителството.

Обвинителот до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за насилникот.​

Претходна вестВо СДСМ денеска членството го избира лидерот, какви промени во раководството тој ќе донесе на претстојниот конгрес?
Следна вестЗошто им се на Скопје и неговите општини над 265 скапи советници?