50 делегати го номинираа Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренале формална иницијатива за номинација на Христијан Мицкоски во изборот за претседател на партијата.

Меѓу потпишаните 50 делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатурата на Мицкоски се пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошески, Ели Панова, градоначалниците Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Александар Стојкоски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Борче Митевски, Стевче Трпковски, Коста Маневски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Борче Јовчески, соопштуваат од партијата.

Потписници на кандидатурата се и претседателите на униите, Жаклина Пешевска Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на Унија на млади сили, претседателот на Патриотскиот институт Александар Пандов, како и директорот на Центарот за комуникации Луке Галески, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Меѓу потписниците се Владимир Нелоски, Борко Ристовски, Илија Димовски, Оливер Шамбевски, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Веруваме дека повторниот избор на проф. д-р Христијан Мицкоски ќе биде дополнителен поттик за идното раководство, членовите на партијата и граѓаните на Македонија уште повеќе заеднички да се заложат за целосно спроведување на програмските определби на партијата со силен државотворен карактер и кадровски капацитети кои ветуваат непречен политички и економски развој на нашата татковина, се вели во соопштението.