55 новозаразени од Ковид-19, 431 активен случај

Во изминатово деноноќие од направени 1.002 тестови регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.

-Регистрирано е 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово –  2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија,  и Неготино – по 1, се наведува во информацијата.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.

Претходна вестЗа три години Владата потрошила 5 милиони евра за возила на лизинг
Следна вестМногу битолчани негодуваа за апсењето на Алабаковски, за дејствувањето на државата околу бугарскиот клуб…