Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека сите тестови биле нагативни на последните тестирања на Ковид 19.
Во пресрет на квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија денес беше извршено ново тестирање, а сите тестови на ракометарите и стручниот штаб се негативни.
Исто така, и селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и сите се со негативни тестови.
Од РФМ потсетуваат дека согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација за спроведување на натпревари не е предвидена пресконференција.