Сите репрезентативци со негативни резултати, подготвени за дуелот со Финска

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека сите тестови биле нагативни на последните тестирања на Ковид 19.

Во пресрет на квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија денес беше извршено ново тестирање, а сите тестови на ракометарите и стручниот штаб се негативни.

Исто така, и селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и сите се со негативни тестови.

Од РФМ потсетуваат дека согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација за спроведување на натпревари не е предвидена пресконференција.

 

Претходна вестСкопјанец пријавил дека четири лица пукале кон неговите куќа и возило во Чаир
Следна вест24 починати и 913 новозаразени од Ковид-19