57 новозаболени и двајца починати од Ковид – 19

Бројот на новозаболените од Ковид – 19 во изминатово деноноќие покажува мал број на новозаболени лица. Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа направени се 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19. Од нив во Скопје се 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции додека имало 90 оздравени пациенти.

-Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85г) и Битола (60г), лицата се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 20.08-14.09.2022 година, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.

Претходна вестОМО Илинден – Пирин: Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција
Следна вестКовачки: Уште не одговорија од СДСМ, дали Ковачевски лажел за да избега од војска